вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува периодот на топло време со високи температури

Продолжува периодот на топло време со високи температури

Продолжува периодот на сончево и многу топло време. Синоптичарите најавуваат мала локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе биде 10.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 20 и максимална до 39 степени.

Топлото време со високи утрински и дневни температури, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи до следната среда до кога ќе биде активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник. UV индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10.

Најнови вести