Институтот за јавно здравје од денеска ќе ја доставува статистиката на денот за бројот на новозаболени до 15 часот, по што Министерството за здравство ќе испрати информација до медиумите.
Од Министерството за здравство информираат дека е зголемен обемот на работа и информации и е сè поголем бројот на тестирања во повеќе лаборатории кои ги доставуваат своите извештаи до ИЈЗ.
Од Министерството замолуваат за разбирање доколку во одреден момент недоволно брзо одговори и дека тоа е најчесто така затоа што службите во здравствените институции кои треба да ги дадат информациите се преоптоварени со своите активности и не можат со очекуваната брзина да ги достават бараните информации.