недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Променливо и релативно топло време, повремен дожд и силен ветер

Променливо и релативно топло време, повремен дожд и силен ветер

Променливо денеска ќе биде облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Снег ќе врне само на највисоките врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час).

Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 6 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно време со повремен слаб дожд и максимална дневна температура од 15 степени. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

За утре метеоролозите најавуваат претежно облачно и релативно топло време со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на повеќе места ќе бидат обилни и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м2. Утре локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места.

На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и во некои пониски места.

Најнови вести