сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Променливо облачно време со локален дожд

Променливо облачно време со локален дожд

Претпладне променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 14 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 13 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне умерено облачно со слаб ветер од југозападен правец. Максимална дневна температура 20 степени.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите на места ќе бидат обилни и повремено поројни (над 30 л/м2) и проследени со грмежи. Во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Најнови вести