Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 21 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе биде 17, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се задржи под просекот за овој период од годината, ноќе бележи благ пораст. Преодно стабилизирање со посончево и потопло време ќе има во сабота.