недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Променливо време со локални снежни врнежи

Променливо време со локални снежни врнежи

Променливо облачно ќе биде времето денеска, локално ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од -6 до 0 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од -1 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 6 степени.

И во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. Денес локално ќе има слаби врнежи од снег и ќе дува засилен северен ветер. Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а од четврток попладне повторно се очекуваат локални врнежи претежно од снег.

Најнови вести