недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Променливо време со пороен дожд, грмежи и ветер

Променливо време со пороен дожд, грмежи и ветер

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на ситен град.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 10 степени, а дневните во интервал од 12 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. Максималната дневна температура ќе изнесува 20 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, засилен до силен ветер и услови за ситен град. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура за неколку степени. Во четврток и петок утринските температури ќе бидат пониски.

Најнови вести