Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд поинтензивен во северните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Попладне на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. На повеќе места ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).
До недела ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд.
Потоа следува неколкудневен постабилен посончев период. Од утре дневните температури ќе бидат во пораст кој ќе е позначителен за време на викендот кога во повеќето места температурите ќе бидат над 20 степени.