четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Променливо време со сончеви периоди, температурата до 25 степени

Променливо време со сончеви периоди, температурата до 25 степени

Времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 13 степени, а дневната ќе биде во интервал од 15 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер претежно од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 21 степен.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите наместа ќе бидат обилни (над 20 l/m2) и проследени со грмежи. Во петок и во недела ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Најнови вести