недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Променливо време со врнежи од дожд, на повисоките места услови за повремен слаб снег

Променливо време со врнежи од дожд, на повисоките места услови за повремен слаб снег

Времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на некои од повисоките места и на планините врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Ќе преовладува променливо облачно и студено време, во четврток и во сабота со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините со врнежи од слаб снег.

Стабилно и суво време со утринска магла по одделни котлини ќе се задржи во петок.

Најнови вести