сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пукано во таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски пред неговиот дом, се огласија од МВР

Пукано во таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски пред неговиот дом, се огласија од МВР

Рано утринава е пукано кон таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, внук на Виолета Бошковска, сопругата на Љубе Бошковски. Кон него пукало, засега непознато лице, кое неофицијално се движело со мотор.

-Денеска во 08:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ.К. (57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за Курир.

Од исчезнатио Самоил веќе неколку месеци нема ни трага, ни глас.

Најнови вести