вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Расколот во ДУИ се прелеа на фудбалскиот терен во Чаир?!

Расколот во ДУИ се прелеа на фудбалскиот терен во Чаир?!

Со месеци наназад се подготвуваше еден вид пуч врз Артан Груби, најблискиот човек на Али Ахмети.

Тоа резултираше со формирање на таканаречената „огнена група“, во која беа споени левото и десното крило на партијата ДУИ.

Изет Меџити, Теута Арифи од една страна, Блерим Беџети и Муса Џафери од друга страна, заедно сплотени против, како што милува да се нарече и самиот, првиот вицепремиер и најблизок соработник на Ахмети, Артан Груби.

Таканаречената „огнена група“ во ДУИ, бараше смена и оставки од Груби поради како што велеа, неиспорачувањето на резултати на позицијата на која е назначен, но позадината беше сосема друга.

Имено во последните две години, Груби беше најистурениот играч на ДУИ, а со тоа и неговиот рејтинг кај албанскиот електорат беше на максимум. Како што стоеа работите до пред еден месец тој требаше да биде и првиот премиер Албанец во Македонија, нешто што беше ветено пред гласачите на ДУИ на последните избори.

Доколку вака се одвиваше ситуацијата, Груби несомнено ќе беше и апсолутен победник доколку Ахмети се откажеше од претседателската функција, а со тоа Бујар Османи кој исто така претендира на оваа позиција, како и таканаречената „огнена група“, ќе немаа речиси никакви шанси да го победат Груби на тие избори.

Артан Груби повеќе од една година постојано е на стадионот во Чаир кога игра екипата на Шкупи. Шкупи е актуелен првак во првата македонска фудбалска лига, а на мечот кога ја прославија титулата друштво му правеше и актуелниот премиер Димитар Ковачевски.

Без сомнение Артан Груби преку правењето на Шкупи првак во мак-фудбалот, сакаше да испрати јасна порака до тетовкото крило за неговата моќ.

Но, ваквата „војна“ по се изгледа излезе од контрола. Таканаречената „огнена група“ не само што издјествува негова смена во партијата на позицијата на која беше назначен, тие вчера направија вистински хаос на домашниот терен на Груби, во Чаир на фудбалскиот меч кој го играа тетовска Шкендија и тимот од Чаир, Шкупи.

Имено мечот траеше неполни десет минути, откако Шкендија поведе со 1:0, а играчот кој го постигна голот прослави со провокација кон навивачите на Шкупи.

Мора да се признае дека во Македонија е реткост да се види толкав број на навивачи на еден фудбалски натпревар, а на вчерашниот трибината беше преполна.

Неколку секунди по провокацијата, дел од навивачите влетаа на теренот и ги нападнаа играчите на Шкендија, а интервенираше и специјалната полиција на МВР која во Чаир беше во многу голем број, поради тежината на натпреварот.

Драмата во Чаир траеше околу половина час, а играчите на тетовскиот тим беа извадени од теренот со специјалци.

Вакви слики јавноста е навиканата да гледа во државите од третиот свет, како и во државите каде владеат нарко картелите, односно Јужна Америка.

Шкендија овој натпревар го доби службено со 3:0, а тимот на Шкупи експресно заработи ригорозна казна.

Дали со ваквиот потег таканаречената „огнена група“ сакаше да му испрати порака на Артан Груби, дека нивното време се уште не е завршено?

Но, со целата оваа ситуација на површина испливуваат уште двајца функционери на оваа партија, едниот кој директно ќе му се спротиставеше на Груби, тоа е Бујар Османи, а вториот е притаениот Крешник Бектеши, актуелниот министер за економија, кој во моментов е еден од најистурените играчи на владата на Ковачевски поради енергетската криза.

Па така во едно интервју, Ковачевски јавно кажа дека ако мора да бира, го одбира Бектеши како еден од најдобрите министри во неговата влада.

Неговите настапи на телевизиите се зачестени, а во внатрепартиските препукувања тој е неутрален. Па така можеме да го видиме на фудбалски натпревар со Груби во Чаир, но и во чајџилница во Тетово со „огнените“.

По се изгледа Бектеши видел „колку е саат“, го почувствувал моментот и решил „да нападне“.

Ако се земе во предвид дека Бујар Османи како личност е мирен и кроток, а Бектеши е „поагресивен“ во неговите јавни настапи, а кај албанскиот електорат тоа е попривлечно, шансите Бектеши да биде некаква златна средина помеѓу „завојуваните“ страни во ДУИ.

Најнови вести