сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Регистрирани нови 65 случаи на коронавирусот во Македонија

Регистрирани нови 65 случаи на коронавирусот во Македонија

Во последните 24 часа во државата се регистрирани 65 нови случаи на Ковид-19 од вкупно тестирани 1.090 лица, оздравени се 78 лица, додека починати нема, информираат од Институтот за јавно здравје.

Од новите позитивни случаи во Скопје се регистрирани 41 лица со Ковид-19, во Битола – 9, Кавадарци, Охрид, Штип и Неготино – по 2, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и Струга – по 1. Според податоците на ИЈЗ регистрирани се и 8 реинфекции со коронавирус.

Истовремено според здравствените власти во изминатите 24 часа регистрирани сe 78 оздравени пациенти од кои Скопје – 54, Битола – 6, Охрид и Неготино – по 4, Штип – 3, Прилеп и Велес – по 2, Куманово, Струмица и Кичево – по 1.

– Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 3 починати лица од Скопје (2) и Охрид (1). Пријавените се на возраст од 63 до 92 години и се починати во период од 24.05 – 07.06.2022. Две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови, велат од ИЈЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 2.065.025 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.538, бројот на оздравени пациенти е 302.807, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 415. о

Најнови вести