Синот на Амди Бајрам, Габриел на својот Фејсбук профил во текот на вчерашниот ден го објави својот наод од тестот за коронавирус.
На објавениот тест се гледа дека Бајрам е негативен на коронавирус.
За потсетување, неговиот татко Амди Бајрам пред неколку дена почина на 64 години, а од Министерството за здравство информираа дека кај него бил добиен позитивен тест на коронавирус направен постмортем.