Министерството за здравство информира дека вчера попладнето на корона вирус беа тестирани 4-те лица од Струмица – поврзани со првата пациентка. Нивните тестови се негативни на вирусот. Исто така, беа тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати беа негативни на корона вирусот.
Практично, сите сопатници од комбето на прво заболената кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот.
По последната информација дадена во текот на вчерашниот ден од Министерството за здравство, на корона вирус беа тестирани уште 7 лица со индикации и нивните тестови се негативни.
Во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 9 пациенти, од кои 8 се позитивни на вирусот, а по вториот контролен тест, првозаболената е негативна на вирусот, што значи дека таа не е повеќе инфективна, но останува на болничко лекување до нејзиното целосно закрепнување.