четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СКАНДАЛ ВО ГРАДИНКИТЕ: Врв на негрижа – заразени деца и вработени, со новата одлука се ставаат сите во уште поголем ризик

СКАНДАЛ ВО ГРАДИНКИТЕ: Врв на негрижа – заразени деца и вработени, со новата одлука се ставаат сите во уште поголем ризик

Родители кои се загрижени, изреволтирани и уплашени ја контактираа редакцијата на КУРИР и раскажаа низ каква голгота минуваат овој период.

Нивните деца одат во градинка во скопско Лисиче и како состојбата со коронавирусот да не им влева доволно страв, новата одлука им создава дополнителни грижи.

Имено, во овие градинки има деца и вработени заразени со коронавирус. За заразените дечиња биле информирани, но за кадарот со позитивни тестови дознале од сосема друго место.

Сега до нив стигнала и информација дека ќе има измени во работата со кои сите ќе се стават на дополнителен ризик. Се најавува дека ќе има спојување во групите и дека повеќе дечиња ќе бидат во една занимална бидејќи дел од вработените ќе бидеат преместени на работна должност во друга градинка.

-Дека е заразена вработена во градинката во која оди моето дете, не бев информирана од управител или учител од градинката, туку дознав сосема случајно. Не верував дека и тоа е можно, но ете верувале или не – сакаа да сокријат. Многу сме загрижени, а мора да одиме на работа и децата ги носиме во градинка каде се покажа голема неодговорност, вели една загрижена мајка.

-Слушнавме дека групите ќе се спојуваат затоа што дел од воспитувачките од градинка во Лисиче мора да бидат преместени во друга градинка на територија на општина Аеродром бидејќи и таму и ваму има заразени, па се соочуваат со недостаток на кадар. Јас такво нешто не можам да дозволам. Детето секој ден оди со исти дечиња и вработени, во една занимална и живееме во страв, а сега да знам дека ќе има повеќе деца и други вработени кои можеби биле во контакт со заразените колеги, тоа е врв на негрижа, ни истакна друга мајка.

Одлуката дека ќе има прераспределба на воспитувачки, како што дознаваме, соопштена е само на мал број луѓе, блиски до управителот на градинката. Така дознале и група родители.

Обвинуваат дека за овој скандал нема да молчат и ќе поднесат пријави каде и да треба.

Ваквата неодговорност во градинките, на грб на најмалите, е загрижувачка и скандалозна. Кој се дрзнува да ги стави децата и вработените во уште поголем ризик од оној во кој, секако, сме сите секој ден?

Надлежните имаа доста време да направат план и протокол во кој сите ќе бидат безбедни. Кога почнаа да излегуваат бројките на заразени дечиња и вработени настана хаос кој сакаат да се сокрие бидејќи тоа е олицетворение на креаторите на ваквите политики.

Спојување на повеќе деца во иста група и префрлање на кадар од една во друга градинка е опасен чекор кој сите ги става во голем ризик и истиот мора да биде спречено да се превземе.

Најнови вести