Пониски утрински температури и појава на магла по котлините најавуваат синоптичарите за следните денови. Според прогнозите следува период на стабилно време.
Во следните три дева утринските температури ќе се движат од 1 до -10 степени, а дневните ќе достигнат максимални 8 степени.
Веќе во петок се најавуваат нови повремени локални врнежи до дожд и снег.
Времето денес во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните и јужните делови. Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка, во пониските места од 5 до 10 cм, а на повисоките места и планините и над 20 cм.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика појава на снежни наноси, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица.
Утринската температура ќе се движи од минус два до минус шест, а дневната температура од минус два до еден степен.
Во Скопје ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус три, а дневната температура до еден степен.