четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Словенија: Ситуацијата во Македонија е вонредно тешка, 14 дневен карантин за сите кои ќе дојдат од таму

Словенија: Ситуацијата во Македонија е вонредно тешка, 14 дневен карантин за сите кои ќе дојдат од таму

Словенечката Влада објави дека донела одлука сите оние кои доаѓаат од Македонија да мораат да одат во задолжителен 14 дневен карантин, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Македонија или држава членка на Европската Унија.

– Епидемиолошката ситуација во Македонија е вонредно тешка. Сите они кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14 дневен карантин, објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.

Најнови вести