петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сместени уште 26 лица во државен карантин, капацитетот „Молика“ исполнет

Сместени уште 26 лица во државен карантин, капацитетот „Молика“ исполнет

Во хотелот „Молика“ на Пелистер синоќа пристигнала уште една група од 26 лица за претстој во државен карантин.

Од АД ЕСМ, кој стопанисува во овој хотел, денеска информираа дека се работи за лица кои пристигнале со лет од Германија и оти лицата се од различни градови.

Во „Молика“ престојуваат 99 граѓани со што капацитетот на хотелот е исполнет.

– Сите активности течат според пропишаниот протокол, велат од АД ЕСМ.

Најнови вести