сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сончев ден, утре променливо време со снег

Сончев ден, утре променливо време со снег

Наутро со слаб локален снег претежно на североистокот, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринските температури ќе се движат од -4 до 2 степени, а дневните до максимални 10 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура 9 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Ветерот ќе продолжи и преку ноќта а ќе надминува и брзина од 80 км/час.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и студено, во сабота со повремени врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Студено време ќе се задржи и во текот на следната седмица, со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.

Најнови вести