понеделник, 15. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сончево со умерена облачност, температура до 36 степени

Сончево со умерена облачност, температура до 36 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во планинските региони. УВ индексот ќе изнесува 8.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната температура од 26 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во планинските региони.

Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната температура до 34 степени.

Поизразена нестабилност ќе има за време на државниот празник Илинден (четврток) и в петок кога на повеќе места ќе има поинтензивен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме. Од сабота се очекува стабилизорање на временската состојба.

Најнови вести