недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Заев и Филипче наместо да танцувате, тестирајте

Стојаноски: Заев и Филипче наместо да танцувате, тестирајте

Корона вирусот коси во македонските болници.

Страшна е информација која што ја слушнав вчера дека 11 здравствени работници во кумановската болница биле заразени со Ковид19, но уште пострашно е колку долго биле носители на овој вирус и дали имале контакт со пациенти?
Првата линија за борба против короната се докторите, медицинските сестри, болничарите и останатиот медицински персонал и затоа тие мора да бидат здрави и заштитени.

Затоа Заев и Филипче, наместо да ТАНЦУВАТЕ, ТЕСТИРАЈТЕ. Тестирајте ги масовно барем здравствените работници во пресрет на пикот со епидемијата во Македонија, затоа што тие се првата линија на одбраната, но и се во контакт со пациенти и луѓе со влошено здравје.
Добро здравје на сите.

Медицинскиот персонал се нашите херои, да ги поддржиме, пишува на својата Фејсбук страница Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести