четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Таму беше најризично: Каква е денес состојбата во Дебар и Центар Жупа?

Таму беше најризично: Каква е денес состојбата во Дебар и Центар Жупа?

Безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, е стабилна, при што полициските службеници реализираат мотопатроли низ градските средини и приградските населби согласно мерките предвидени во оперативниот план, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Евидентирани се 11 нови лица во самоизолација на ова подрачје и извршени се 96 контроли врз овие лица, се наведува во соопштението.

МВР посочува дека во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.

-Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини, се потенцира во соопштението.

Министерството упатува апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана за движење за сите граѓани на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 05 часот наредниот ден и за време на викедот, од петок од 16 часот па се до 05 часот во понеделник.

-Апелираме на совесно и дисциплинирано придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, се додава во соопштението на МВР.

Најнови вести