Арбен Таравари, градоначалник на Општина Гостивар вечерва гостуваше во „24 Анализа“, каде што посочи дека загрижувачка е ситуацијата со бројката на новозаразените од КОВИД-19, а да не говори и за морталитетот.
„Да не говориме за морталитетот, некој вели па апсолутни цифри кажувате. Еве да не збориме за апсолутни цифри, да збориме за починати на милион жители, Македонија е апсолутен шампион во регионот. Ние сме први со околу 400 веќе на милион жители, после нас е Косово со 320-30 на милион жители. После е Босна некаде со 200, многу помалку од нас, и да не збориме Хрватска, Грција, Србија,сите да ги соберете заедно доаѓа колку Македонија“, нагласи Таравари.
Таравари додаде дека процентите на смртноста во Македонија се доста високи дури и загрижувачки во однос на другите држави во регионот.