-Зоране Заев, 3500 луѓе од културата, уште ја немаат земено јулската плата. Во време на пандемија и ценовни шокови на храната, струјата и други тракатанци. Така отприлика изгледа твојата социјална држава швајцарска Северна Македонија. Знам дека културата на газот не ја ставате, ама барем укинете ја со уредба, да знаеме на што сме. Сите на Завод за вработување. А јасно е дека од октомври ќе биде ужасот поголем. Банкрот сте. Зоране Заев сметки ни се таложат за плаќање, а вие се изживувате со 3000 семејства. Многу од нас живеат со една плата, а имаат деца. Засрамете се, стои во Фејсбук статусот на Сашо Тасевски.
Доста глумите европски реформисти. Не знаете каде терате. Лутате без компас. Само гледате да се додворите кај разни белосветски битанги за да добиете избори и останете на власт. И после, зошто луѓето споредувале и велеле дека дури и со Груевски беше подобро од сега? Е па подобро беше. Сакале вие тоа да го чуете или не. Швајцарија ќе сте правеле од нас? Вие во пештери ќе не вратите до крајот на годинава. Каменото време ќе ни се чини како ренесанса во споредба со животот овде. Тие слугите поданички околу тебе, знам ќе ти го пренесат моево обраќање. Стави си прст на чело, пишува Тасевски.