Времето попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 35 степени, а во Скопје до 31 степен. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со пораст на температурите.
Во вторник температурите насекаде ќе биде над 30 степени, во следните денови во повеќе места ќе бидат над 35 степени, а во најтоплите делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени.