вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Топлиот бран ќе продолжи во следните денови, појава на пороен дожд е можен во овој дел од Македонија

Топлиот бран ќе продолжи во следните денови, појава на пороен дожд е можен во овој дел од Македонија

Топол бран со високи утрински и дневни температури ќе се задржи и во следните денови на подрачјето на државава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури утре ќе се движат од 13 до 22 степени, а максималните од 32 до 42 степени. Во Скопје утре минималната температура ќе достигне до 19 степени, а максималната до 39 степени.

Долж Повардарието утре кон крајот на денот ќе дува засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Нестабилност на повеќе места се очекува во среда и во четврток во попладневните часови, информираат од УХМР. (МИА)

Најнови вести