Директорот на болницата во Тетово, Флорим Бесими, за Portalb.mk потврди дека во денешниот настан во тетовска Мала Речица, кај седиштето на ДУИ, има тројца ранети.
Тој рече дека засега не е познато дали има и починати лица, додека пак еден од повредените е во критична состојба и е испратен во скопската Клиника.
Бесими за порталот додал дека не може да открие повеќе детали бидејќи се прави увид од страна на полицијата и истражните органи кои се на терен.
Според она што е досега познато, непознати лица кои биле во два различни автомобили, застанале на улица по што започнала вооружена пресметка.
Првичните информации со кои располага МВР, може да ги прочитате ТУКА.