Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд.
Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за грмежи.
Во петок на повеќе места ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец.
Од четврток дневните температури ќе бидат во пораст, позначителен за време на викендот кога во повеќето места температурите ќе бидат над 20 степени.