вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

УХМР со прогноза: Еве какво ќе биде времето во наредните денови (ФОТО)

УХМР со прогноза: Еве какво ќе биде времето во наредните денови (ФОТО)

Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје претпладне со повремени врнежи од дожд, попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Следува период на променливо облачно време повремено со појава на дожд претежно во западните делови од земјата, а ќе дува слаб до умерен претежно јужен до југозападен ветер кој поинтензивен ќе биде во понеделник. Услови за поинтензивен дожд ќе има кон крајот на работната недела.

Најнови вести