петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

УХМР: Утре слаб снег на планините, од задутре стабилно со повисоки температури

УХМР: Утре слаб снег на планините, од задутре стабилно со повисоки температури

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека утре ќе има зголемена облачност со појава на локален слаб снег на планините, најпрвин на северот, а потоа ќе провејува понекаде претежно во западните планински делови.

Преку денот ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието.

Од понеделник следува период на стабилно време со не многу ниски утринските температури, а дневните до средината на неделата ќе бидат во постепен пораст. Утринските температури ќе изнесуваат до – 7, а дневните до 15 степени.

Најнови вести