понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Универзалната сала ќе биде реконструирана по решение изготвено од минатата градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Универзалната сала ќе биде реконструирана по решение изготвено од минатата градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Универзалната сала која веќе со месеци откако е дојдена СДСМ на власт е по клуч и е во очајна состојба ќе се реконструира по решение изготвено од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено станува збор за проектот  за реконструкција со надградба и доградба на конгресниот центар „Александар Македонски“ (Универзална сала) кој бил предвидена во буџетот на Министерството за култура уште во месец март 2016 година.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во последните четири години од својот мандат работеше интензивно на новото решение и изглед на салата.

Инаку со заклучок на владата за финансирање на проектот и изградба на салата во минатото беше направен и проект со кој се задржува основниот изглед на куполата со тоа што од страните се додадени функционални сали за конференции за кои се покажа голема потреба со што салата ќе стане и конгресен центар. Во долниот дел предвидено е и подземно паркирање.

Овој проект беше предвиден и во програмата на поранешниот градоначалник Коце Трајановски, додека вчера градоначалникот Петре Шилегов и Министерството за култура најавија реконструкција на салата по проектот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести