недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вчера се вакцинирале 11.104 граѓани во Македонија

Вчера се вакцинирале 11.104 граѓани во Македонија
МИА

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 425.422 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 227.963 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.278 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.104 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 54.600 граѓани. Со последните бројки 46 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 40 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Најнови вести