понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ветуваше брз влез во НАТО под времената референца, а создаде атмосфера за бришење на името Македонија

Ветуваше брз влез во НАТО под времената референца, а создаде атмосфера за бришење на името Македонија

Премиерот Зоран Заев минатата година во телевизиско интервју со повеќе новинари од македонските телевизии ветуваше влез на Македонија во НАТО Алијансата без промена на уставното име на државата.

Заев изјавуваше и дека брзиот влез во НАТО може да се скрши само ако се работи за националниот идентитет на Македонија. Но, тоа беше минатата година. Ситуацијата годинава е далеку поразлична, а ветувањата на премиерот уште една се покажаа како празни и лажни, скршен остана токму националниот идентитет на државата.

-Не може сите да се виновни околу нас, а ние да сме китка за мирисање. Затоа целата агенда за мене значи инклузивен процес со можност за наоѓање на решение на проблемот. Јас  се надевам, искрен се надевам, дека ќе создадеме до толку позитивен амбиент да нашиот јужен сосед, пријателска Грција нè разбере и ни помогне да го ослободи ветото од НАТО и Македонија да стане членка под оваа привремена референца која ја имаме, изјави Заев.

Наместо влез во НАТО под привремената референца ФИРОМ и приближување на ставовте со Грција, како што во јавноста ветуваше премиерот, денес Македонија има договор за промена на уставното име и не е членка на Алијансата.

-Јас ги дефинирав ставовите на нашите позиции уште во експозето и одговарањето во Парламентот додека се бираше владата, а ставовите се во најбрз можен рок. Роковите може да бидат скршени ако се работи за националниот идентитет на Македонија. Од тој аспект негувам желба, ако е одлука со сета помпезност ќе ја објавам бидејќи ќе биде среќна околност за сите. Негувам надеж дека Македонија вомногу краток период ќе стане членка на НАТО со привремената референца, а ние со Грција барем да приближиме одредени ставови, да испратиме добри пораки, да ги потврдиме овие досега мерки на доверба, кои имаме намера да ги надоградиме. На тој начин да создадеме еден амбиент каде Македонија конечно барем делумно ќе биде одблокирана, изјави премиерот во телевизиското интервју.

Најнови вести