петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Можно ли е Заев да прифати Албанец премиер, само за да остане на власт?

ВИДЕО: Можно ли е Заев да прифати Албанец премиер, само за да остане на власт?

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во своето интервју за Инфомакс говореше за можноста Зоран Заев повторно да ја изигра волјата на граѓаните правеќи малцинска коалиција и остварувајќи ја желбата на ДУИ и Али Ахмети за премиер Албанец. Тој потенцира дека доколку Зоран Заев се одлучи на ваков потег ќе се соочи со сериозни проблеми и протести. Ако некој се обиде да му ја одземе победата на ВМРО-ДПМНЕ, додава тој, Македонија ќе влезе во сериозна политичка и безбедносна криза.

Jaкимовски истакна дека доколку Заев за да избегне одговорност за стореното изминатите три години го прифати барањето на Ахмети ќе се вмеша и меѓународната заедница.

-Видете минатиот пат коалицијата предводена ВМРО-ДПМНЕ однесе многу мала победа со два пратеника, доколку овој пат таа разлика биде многу поголема и доколку потоа со инжињеринг се обиде некој да му ја одземе победата на ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека Македонија ќе влезе во длабока политичка и безбедносна криза. Затоа е многу битно овие избори да бидат фер, коректни и демократски ако сакаме потоа да имаме миран постизборен период. Доколку не тоа значи дека ако на ваков начин со ваков инжињеринг ВМРО-ДПМНЕ биде повторно надмудрена тоа значи дека Македонија ќе биде нестабилна. Јас можам да му честитам досега на пацифизмот на господинот Мицкоски меѓутоа длабоко сум убеден дека на тој пацифизам му има крај и доколку тој инжињеринг се направи убеден сум дека државата ќе се соочи со сериозни проблеми, протести, лошо функционирање на институциите што значи дека премногу страшно ќе биде и премногу голем луксуз ќе биде за оние кои ја предводат Македонија да ние од 2014 па наваму сме во политичка криза, вели Јакимовски.

Интервју со лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски

Интервју со лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски

Gepostet von infomax.mk am Dienstag, 16. Juni 2020

 

Најнови вести