вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вкупно 1423 починати од коронавирус, близу 20.000 активни случаи во Македонија, половина се во Скопје

Вкупно 1423 починати од коронавирус, близу 20.000 активни случаи во Македонија, половина се во Скопје

Министерството за здравство вчера соопшти дека вкупно 1258 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и дека има околу 60 слободни болнички кревети во КОВИД-центрите, напомнувајќи дека ситуацијата се менува од час во час.

Во 24-часовната статистика за вчера беа регистрирани 1198 новозаразени од 3081 тестирање. Речиси половината од нив (572) се во Скопје, а висок број нови случаи имаа и Битола (92), Прилеп (53), Штип (49), Велес и Охрид по 42, Куманово (41), Струга и Струмица по 34, Кичево (33), Тетово (28), Свети Николе (20).

Починаа уште 26 луѓе, од кои осуммина од Скопје. Меѓу починатите вчера беа двајца 35-годишници – од Битола и од Охрид и 37-годишен пациент од Струга.

Направените 3081 теста се преку: ИЈЗ-848, ЦЈЗ Скопје-79, Авицена-360, Биотек-287, МАНУ -329, Жан Митрев (Филип Втори)-170, Систина со PCR метода -275, лабораторија Лаор –32, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-91, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-71, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -489, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 303.281 тестирања на Ковид -19.

Од почетокот на епидемијата во земјава, пред речиси девет месеци, вкупниот број заразени достигна 51 213, оздравени се 30 204, починати 1423. Активни случаи има 19 586, од кои 9479 се во главниот град.

Најнови вести