среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВКУПНО АКТИВНИ 5.761 СЛУЧАЈ: Алармантно во Тетово, денес одлука дали ќе има нови локални мерки

ВКУПНО АКТИВНИ 5.761 СЛУЧАЈ: Алармантно во Тетово, денес одлука дали ќе има нови локални мерки

Новите рестриктивни мерки, кои од денеска стапуваат на сила, надлежните велат дека се носат по зголемување на бројот на новозаразени во изминатиот период. Вчера, Министерството за здравство регистрираше нови 805 случаи од направени 6.980 тестирања. Во изминатото деноноќие починаа 10 лица од кои најмладиот пациент е на 28-годишна возраст. Најголем број нови случаи вчера беа регистрирани во Скопје – 240 по што следуваа Гостивар со 138 и Тетово со 136 нови случаи.

Алармантно е во Тетово каде само вчера имаше 80 лица на болничко лекување. Според надлежните во тетовската болница, такви бројки немале ниту во ноември лани, ниту во март/април годинава.

– Бројот се зголемува секој ден – 80 хоспитализирани, амбулантски прегледи има над 120, сите тие се со со ковид, што значи дека болницата третира околу 230 позитивни лица. Имаме прогноза дека секој ден ќе биде се полошо. Кадарот што користи одмор се враќа назад и чекаме нови мерки, изјави вчера д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид-центарот во Тетово.

Министерството за здравство најави дека се размислува и за воведување дополнителни локални мерки за заштита од Ковид за што ќе се разговара денес.

-На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во село Лешок, а доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје, соопшти вечра Министерството за здравство.

Инаку, во текот на изминатата недела аплицирани се вкупно 49.569 први дози на вакцини во државата.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 586.384 граѓани. Прва доза вакцина во петокот и вчера примиле 13.950 граѓани, а втора доза, вкупно 8.636 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.058.112 дози вакцини, а ревакцинирани се 471.728 граѓани, соопшти Министерство за здравство.

Најнови вести