среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта го загрозува јавното здравје: СДСМ со носењето на заразените пратеници со корона во Собранието прави кривично дело

Власта го загрозува јавното здравје: СДСМ со носењето на заразените пратеници со корона во Собранието прави кривично дело

Власта предводена од СДСМ, свесного загрозува јавното здравје, а пратениците од истата заразенисо коронавирус крсат изолација и прават кривично дело.

Со цел да ги изгласаат точките од 32-та седница, владејачката СДСМ носејќи ги маскирани во скавандери заразените пратеници со коронавирус, не само што го загрозуваат јавното здравјеиздравјето на сите вработени во Собранието, туку прави и кривично дело за кое се одговара споредзакон.

Заразената пратеничка од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска облечена воскавандер на социјалната мрежа на фејсбук објави дека веќе е на пат за во законодавниот дом.

-Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании.
Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот.
Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив.
А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата.
✊ Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава РАЗЛИКА ИМА меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш СЀ ЗА народот и да правиш СЀ ПРОТИВ народот, објави на Фејсбук пратеничката Костадиновска Стојчевска.

Она сто терба секој да го занае, а особено народните избраници од парламентарното мнозинство е тоа што доколку едно лице има решение за изолација, а во случајот пратеници од владејачкото мнозинсто, својот дом единствено можат да го напуштат за одење на лекар.

Секое друго напуштање и непочитување на издаденото решение за изолацијапретставува кривична одговорност според Членот 206 од КЗ на Република Македонија. Во случајот одењето со скавандер на заразени пратеници со коронавирус на седница во Собранието на Република Македонија е кривично дело и казниво согласно закон.

Најнови вести