понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието само ако пратеничката група биде комплетна

По средбата што се одржа на покана на Заев, Мицкоски во изјава за медумите потврди дека разговарале за повеќе политички теми, меѓу кои и за името, за Законот за јазиците, за составот на ДИК, како и за враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во работата на Парламентот.
ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието само ако пратеничката група биде комплетна

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе се врати кога ќе биде комплетна, односно кога пратениците осомничени за тероризам во врска со нападот на Собранието на 27 април ќе бидат ослободени.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Зоран Заев.

Во однос на враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, истакна дека се уште не се создадени услови за тоа. Очекува да се вклучат во работата на законодавниот дом само како комплетна пратеничка група, и како што наведе тоа би можело да се случи за една до две недели.

Преговорите за името со Грција, Законот за јазиците и враќањето на опозицијата во Собранието, биле главните теми за кои вечерва во Владата повеќе од два часа разговараа премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

По средбата Мицкоски во изјава за медумите потврди дека разговарале за повеќе политички теми, меѓу кои и за името, за Законот за јазиците, за составот на ДИК, како и за враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во работата на Парламентот.

Во однос на името, Мицкоски рече дека остануваат на познатите позиции, како и за Законот за употреба на јазиците, додека за ДИК, како што посочи, договорено е да се формира по стариот модел односно претседателот  да биде на предлог на опозицијата, а мнозинството членови по предлог на Владата.

Најнови вести