ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува пукањата на митинзите на ДУИ што е кривично дело кое го штити полицијата на Спасовски.
– Криминалната коалиција на власт е нервозна затоа што ќе ги загуби изборите. Премиерот Заев не треба да глуми изненаден, доволно е да даде наредба на Спасовски виновниците за пукотниците да се санкционираат. Тоа нема да го направи затоа што СДСМ и ДУИ ги врзува криминалот и тендерите. Наместо програма од ДУИ и СДСМ видовме пиштоли и пукотници, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ посочи дека се пука на митинг на ДУИ во Чаир и Желино, а во Општина Сопиште директорот на власта се заканува со инспекции до градоначалникот и тие јавно го прашуваат Заев во која друга европска држава има митинзи со пукотници на оружје?