Градската болница „8 септември“ во најголемиот ек на пандемијата со Ковид-19 останува без двајца анестезиолози од вкупно 13 кои одлучиле да ја напуштат ГОБ „8 септември“ и да заминат на работа во приватна болница.
Оваа информација ја потврдил директорот на болницата Христијан Костов.
Анестезиолозите во петокот пуштиле барање за да им се потпише отказно решение до Костов, директорот на болницата ГОБ „8 септември“ која е позната како ковид центар и во која од почетокот на пандемијата па до сега се носат најтешките случаи.
Анестезиолозите управуваат со респираторите, а дневно во Градската општа болница „8 септември“ на респираторна машина се ставаат 8 или 9 пациенти заразени со корона вирус, кои се наоѓаат во најтешката фаза.