вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Виница разбиена група која незаконски продавала тестови за Ковид – 19

Во Виница разбиена група која незаконски продавала тестови за Ковид – 19

На 11.11.2020, по добиени сознанија дека лица од Виница, вршеле незаконска продажба на несоодветни брзи тестови за детекција на вирусот „ковид-19“, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Виница извршија оперативни проверки, при што е дојдено до сознанија дека лицата: В.П.(35) и М.А. (46) двајцата од Виница, заедно со правно лице од Виница нуделе и продавале несоодветни т.н. брзи тестови во врска со коронавирусот.

-Поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело – “незаконито земање и користење на генетски и биолошки материјал“ казниво по чл.210-а од Кривичниот законик, со наредба од Јавен обвинител, бил извршен претрес во дом и други простории, при што во домот на В.П.пронајдени се седум кеси со натпис “Ковид Чек ТМ“ и едно шише од 2мл со течност со натпис „Буфер“, кои се одземени. До надлежното обвинителство ќе биде доставен соодветен поднесок, а и во наредниот период се преземаат мерки во врска со ваквите случаи, информира МВР.

Оттаму апелираат граѓаните да не им веруваат и да се обраќаат само на овластени медицински лица кои се матични лекари или епидемиолози на институтот или центарот за јавно здравје и да не наседнуваат на вакви измами, а МВР во координација со другите институции ќе ги санкционира ваквите појави, како што е случајот во Виница.

Најнови вести