Вработен во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) е заразен со коронавирус, потврди за Плусинфо директорката на оваа институција, д-р Иринка Сотирова Бухова.
Станува збор за лице кое не е инспектор, туку е вработен во секторот канцелариско работење во ДСЗИ.
Лицето е ставено во самоизолација, а се испитуваат и другите негови контакти.