вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Времето сончево со мала облачност, еве какво време нè очекува во следните денови

Времето сончево со мала облачност, еве какво време нè очекува во следните денови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната од 21 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.

До петок времето ќе биде стабилно со пораст на температура. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината. Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од недела се очекува значително заладување. (МИА)

Најнови вести