За 7,1 проценти е зголемен бројот на смртни случаи од коронавирус во земјава во однос на претходната недела, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје кои се однесуваат за периодот од 28 септември до 4 октомври.
Според податоците на институтот пријавени за овој период се 30 смртни случаи.
Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години. 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.
Институтот за јавно здравје соопшти и дека во наведениот период евидентирано е зголемување на бројот на нови случаи во однос на претходната недела од високи 35 проценти. Повеќе за тоа може да прочитате ТУКА.