Не знам зошто Ел Чека објавува разговори само за Али Ахмети, дајте ми телефон ќе му се јавам и ќе го прашам, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.
-Ако имате некој телефон дајте ми од тој, како се вика, Ел Чека да му се јавам да го прашам: -Чекај бе пријател зошто ти објавуваш за Ахмети, а не објавуваш и за мене?, рече Заев и додаде:
„Еве јавно нека објави и за мене, апсолутно сум транспарентен човек и сериозноста треба да биде овде. Еве пак ви кажувам нека објавува за секој што мисли дека треба да објавува, и треба да знае дека има одговорност, дека постои закон и кривично се одговара за тоа. Приватноста да е заштитена а овој човек не води грижа за таа работа, треба да одговора и кога тогаш ќе одговара. Светот е глобално село и ќе одговара, дали треба да го мотивирам и за мене да објави? Ќе одговара, кога-тогаш ќе одговара. Така да ако има нека објавува сега. Еве дирекно од премиерот му е, ќе одговара“.