понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев ја витка кичмата на државата, подготвен за промена на Уставот и одложување на рефрендум?

Заев многу пати досега во јавноста тврдеше дека промената на Уставот не е неопходна
Заев ја витка кичмата на државата, подготвен за промена на Уставот и одложување на рефрендум?

Се движиме кон решение со неповолен исход за Македонија. По се изгледа ерга омес ќе биде главната работа во целиот овој спор.

Ваков е ставот на дел од аналитичарите по последните разговори меѓу македонската и грчката страна. Прашањето кое се поставува во јавноста е дали премиерот Зоран Заев е подготвен за промена на Устав и одложување на рефрендум?

-Прво влез во НАТО и ЕУ, а потоа на Македонија да и се даде рок од  две години за имплементација на ерга омнес и ревизија на Уставот е она што го бара македонската страна во преговорите, пишува грчкиот весник „Та Неа“.

Повикувајќи се на свои извори, во саботното издание напиша дека договорот не може да биде постигнат сега и веднаш, но македонската страна смета оти временскиот период од две години е задоволителен за да се направат потребните уставни промени, дали со или без распишување на избори.

Ова барање од македонската влада се коси со мислењето на јавноста, но и претходните изјави на Заев, кој полека ретерираше за ставовите за референдум.

Дури 71,4 отсто од македонските граѓани сметаат дека треба да има референдум за можната промена на името, а 25,2 проценти мислат оти не треба да има референдум, покажуваат резултатите од анкетата на МЦМС и Институтот за демократија која ја објави телевизија Телма.

Резултатите од анкетата покажуваат и дека на референдумското прашање „Дали е прифатливо името Република Горна Македонија“, негативно одговориле половина од анкетираните.

Заев неодамна во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) најави промена на Уставот и референдум за името со влезот на Македонија во ЕУ. Ваквите ставови на Заев се целосно спротивни со неговите претходни тврдења дека промена на Уставот не е потребен, а секое евентуално решение ќе биде ставено на референдум за граѓаните да се изјаснат.

-Можеби конечното решение ќе биде врзано со гласањето на Македонија, како граѓани, со давањето на нашиот суверенитет на ЕУ, во која сакаме да бидеме членка и тогаш се отвара и Уставот, можеби и тука е решението, поради тоа што знаете дека Грција бара и промена на Уставот, заради промената на уставното име. Јас сум убеден дека креативноста ќе ги изнајде овие решенија, рече Заев во интервјуто за РСЕ.

Наспроти ова, Заев многу пати досега во јавноста тврдеше дека промената на Уставот не е неопходна.

-Не гледам потреба за промена на Уставот, изјави Заев во февруари годинава, одговорајќи на новинарско прашање дали во процесот на решавање на прашањето за името се разговара и за евентуални уставни измени.

 

Политичкиот аналитичар Тодор Пендаров вели дека од она што може да се прочита во грчките медиуми и според изјавата на посредникот на Обединетите Нации, Метју Нимиц, саботните преговори се уште еден пораз за македонската надворешна политика и.

-По се изгледа егра омлес ќе биде главниот адут, главната работа во целиот овој спор, со тоа што ерга омлес по меѓународно право важи само за меѓународните односи и не важи за внатрешниот правен поредок, но Грците и тоа ни го наметнаа, вели Пендаров, додавајќи дека Атина ќе се обиде да го протне тоа мислење, па ќе чека година-две, за во Македонија да се создадат услови да се оди со уставни промени.

Остра реакција по саботната средба имаше новинарското перо на СДСМ, Бранко Героски. Тој посочи дека решението ерга омнес што ќе биде прифатено е промена на македонскиот национален идентитет. Тој решението наместо ерга омнес, го нарече „ерга гомнес“.

Најнови вести