недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев не сакаше кинески вакцини, па сега се “крсти“ во нив: Дали станува збор за интерес поради остварување на профит?

Заев не сакаше кинески вакцини, па сега се “крсти“ во нив: Дали станува збор за интерес поради остварување на профит?

„Ние сме нова членка на НАТО, генерално се држиме кон западниот свет и вакцините потврдени од тамошните здравствени институции“. Ова го истакна премиерот Зоран Заев во декември минатата година.

-Темата за вакцините го окупира целиот свет не само нас. Дефинитивно имаме непријатно чувство заради тоа што целиот Западен Балкан заостанува, освен Србија којашто нема аспирации за НАТО и нормално повеќе е отворена кон источниот свет Кина и Русија и прави договори со нив. Ние сме нова членка на НАТО, генерално се држиме кон западниот свет и вакцините потврдени од тамошните здравствени институции, оцени тогаш Заев додавајќи дека централата на „Фајзер“ за Југоисточна Европа е во Белград и затоа српските граѓани добија одредена количина вакцини од оваа компанија.

Ветуваше тој сè и сешто за вакцините. Преговараше со други држави, но вакцини за македонските граѓани не успеа да набави. Добивме само донација од Србија, на вакцини со кои се вакцинира здравствениот персонал.

Заев ориентиран кон Западот, сметаше дека кинеските вакцини не се достојни за нас, па додека народот се заразува и починува, премиерот си тераше политика.

Одеднаш, Заев реши дека не биле лош избор кинеските вакцини, па се стави себеси во мисија да ги набави. Но, не како секој друг премиер кој знае како се преговара и договара, туку на скандалозен начин кој беше обелоденет од италијанскиот весник „Ла Верита“.

Ла Верита“ открива нов скандал со вакцините на Зоран Заев и Венко Филипче.

Овој пат во нов текст насловен “Битка помеѓу Кина и Русија за Балканот. ЕУ е оставена надвор од геополитичката борба со вакцините. “Ла Верита” ги има доказите од контактите меѓу Македонија и Пекинг, кој ја напуштил зделката плашејќи се од измами”, весникот кажува дека Заев бил првично одбиен од Пекинг поради тоа што одел преку фирма посредник која била фантом компанија со нестабилни темели во Хонг Конг.

-Но, кулминацијата со лошото менаџирање и набавувањето на вакцините се случи уште еднаш во Македонија каде владата предводена од Зоран Заев е подготвена дури и на сметка на здравјето на граѓаните да се бори за својот спас. Во едно телевизиско интервју во јануари, Зоран Заев ги информираше Македонците дека никогаш не би побарал помош од Кина и Русија бидејќи земјата, по влезот во НАТО, треба да се потпре на своите западни сојузници. „Ла Верита“, меѓутоа, дојде до две писма од министерот за здравство Венко Филипче, кои уште еднаш го демаскираат македонскиот премиер. Првото писмо докажува дека министерот Филипче испратил барање до кинескиот Синофарм дури на 25 декември 2020, додека уште едно второ писмо од 25 јануари вели дека министерот дури и би ја ослободил Кина од било какви негативни ефекти од вакцината. Ова го потврдува притисокот на балканската влада за финализирање на договорот. Заев призна, подоцна, дека се обратил до Пекинг, но на крајот на февруари комунистичкиот Пекинг му го вратил авансот. Причината за ова, според извори на „Ла Верита“, е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот. Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Deutsche Bank, била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, оставило сомнеж на официјален Пекинг дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа донело до поништување на процедурата. На крајот од денот, Кина се држи до принципот на директно управување со помошта и провизиите со владите, уште од почетокот на пандемијата. Уште едниот потенцијален обид за корупција извршен од мрежата на Заев, дури и на сметка на здравјето на граѓаните, овој пат се судри со тврдоглавоста на комунистичкиот кинески режим, пишува во текстот на весникот.

За потсетување, според официјалните изјави на премиерот Заев и Министерството за здравство причина за враќање на авансот за кинеските вакцини е поради усогласување на документацијата.

Овие информации отвораат простор за сомнеж дека зад предомислувањето на Заев во врска со кинеските вакцини стои нешто друго, нешро сомнително.

Дали станува збор за интерес поради остварување на профит?

Заев потврди дека со министерот за здравство Венко Филипче преку посредници сакале да ги набават 200-те илјади кинески вакцини на Синофарм па дека поради тоа им бил вратен авансот. Целта, според премиерот, била да се најде начин како побргу да се стигне до вакцините. Заев вака призна дека преку сомнителна фирма сакал да набави вакцини.

Најнови вести