Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева изјави дека и покрај вчерашниот состанок со вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи во Брисел, Бугарија сѐ уште не може да ја одобри рамката за преговори за Северна Македонија, пренесува БГНЕС.
-Последните неколку недели по посетата на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, во Бугарија има тимови за преговори. Пораките до нашите колеги од ЕУ и нашите соседи не се менуваат многу години, бидејќи Бугарија отсекогаш постојано го поддржуваше пристапувањето не само на Македонија во ЕУ, туку и на Западен Балкан. Целокупната дипломатска служба и владите вложија големи напори. Ако не го сакавме тоа, тогаш немаше да бидеме првата земја што ќе ја признаеше Македонија и немаше да склучиме договор за пријателство и соработка и добрососедство, што според сите европски и светски лидери даде силен поттик за договорот од Преспа, рече Захариева.
Таа рече дека во последната година има екстремно и систематстко непочитување на договорот за добрососедство.
-Слушнавме многу обвинувања дека Бугарија не ја признава реалноста. Напротив, ние ја препознаваме реалноста само со фактот дека ние први го признавме постоењето на државата Македонија. Ова е една од многу важните црвени линии на Бугарија во врска со спроведувањето на договорот.Ние сме добронамерни, но не можеме да правиме компромиси кои ќе продолжат да водат кон антибугарска кампања. Ова е ставот на бугарската влада, рече Захариева.