вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Закани до членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: „Ќе ве избркаме од тука“, „Немој ти да кажуваш“, „Ќе ја правиме албанска држава“

Закани до членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: „Ќе ве избркаме од тука“, „Немој ти да кажуваш“, „Ќе ја правиме албанска држава“

Закани по животот пристигнале во приватни пораки на социјалните мрежи на профилот на членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, откако тој одржа неколку прес конференции во име на партијата.

-Изминативе неколку дена до мене освен многуте охрабрувања и поддршка, стигнаа и неколку заканувачки пораки од другарчиња Албанци поради моите прес конференции. Во суштина ова е класичен кукавички чин, затоа што инбоксот не е место каде разговараат сериозни луѓе. Видете вака “почитувани”, агресивни човечиња: во мојата идеја за заштита на Македонија ова е нешто што најмалку можам да сторам, и не само сега, секогаш кога мојата земја ќе се соочи со проблем јас ќе бидам напред во нејзина одбрана ! И ве замолувам не арчете закани, затоа што единственото нешто од кое Орце Ѓорѓиевски се плаши е Господ Бог, пишува Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Најнови вести